Блиската соработничка на Трамп ја напушта Белата куќа

фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс ќе ја напушти оваа должност до крајот на јуни, соопшти синоќа американскиот претседател Доналд Трамп.

Сандерс важи за една од најблиските соработници на Трамп и е една од неколкуте членови на Администрацијата, кои се дел од неговиот тим уште почетокот на претседателскиот мандат.

– По 3,5 години нашата прекрасна Сара Хакаби Сандерс ќе си замине од Белата куќа и ќе се врати во нејзиниот Арканзас, изјави Трамп.

Тој нагласи дека Сандерс би можела да биде следниот гувернер на оваа американска сојузна држава, оценувајќи дека таа би била „фантастична” на таа функција.

Сандерс не ги држеше прес-конференциите во Белата куќа уште од март годинава, а нејзиниот углед беше поткопан за време на сослушувањето од страна на специјалниот обвинител Роберт Малер во врска со наводното руско мешање во американските избори во 2016 година, на кое таа изнесе „неосновани тврдења” за агенти на Федералното истражно биро (ФБИ), со цел да го поддржи Трамп и неговата одлука за смена на директорот на ФБИ, Џејмс Коми во 2017 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот