„Блиц“: Советот на Европа го дематираше Ѓукановиќ за Законот за вероисповед

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, зборувајќи дека спорниот Закон за слобода на вероисповед е позитивно оценет во Европа, е во спортива на последниот извештај на Советот на Европа (СЕ), кој констатира дека во законот има нејасностии и дека властите во Подгорица не ги дале потребните одговори, пишува српски „Блиц“.

Српскиот медиум наводно имал увид во документот на Советот на Европа, а кој претставува следење на Црна Гора како членка дали ги почитува должностите и преземените обврски. Во таканаречениот постмониторинг, освен во деловите за борбата против корупцијата, почитувањата на човековите права, има и дел кој се занимава со Законот за слобода на вероисповед. Документот е составен пред усвојувањето на законот во Собранието на Црна Гора.

Во документот се наведува дека не се јасни одредени одредби, а во кои црногорските власти ја уверувале Венецијанската комисија, која беше последна пречка пред усвојување на законот. Известувачите на СЕ истакнале, исто така, дека практично е нејасен самиот концепт на законот и токму неговиот дел околу имотот и прашуваат – „зошто е потребен пренос на сопствеништвото ако преносот во принцип не вилијае на користењето на имотот од страна на верските заедници“.

Како што пишува „Блиц“, литиите и молебените не престануваат од последните денови на минатата година откако законот стигна во црногорскиот парламент, а потоа беше и усвоен, многу луѓе се собирале на улиците ширум целата земја и мирно го покажувале незадоволството од усвојување на истиот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот