Менди Ќура Фото: Принтскрин

Бизнисменот Менди Ќура објави независна кандидатура за градоначалник на Струга

Неофицијално, се очекува кандидатурата на Ќура да ја поддржи владејачката Вреди.

Бизнисменот Менди Ќура објави дека ќе биде независен кандидат за градоначалник на Струга. Неофицијално, се очекува кандидатурата на Ќура да ја поддржи владејачката Вреди. Официјално во Вреди се уште нема одлука за номинации за градоначалници за претстојните локални избори.

Ќура во објава на Фејсбук вели дека одлуката ја донел по долго размислување, искрени разговори и на барање на граѓани.

-Денес официјално ја објавувам мојата независна кандидатура за градоначалник на Општина Струга. Ова не е чекор што го презедов самостојно, туку одлука за која добивав секојдневни барања. Повиците пристигнуваа од бизнис заедницата кои бараат појасна насока за градот и од младите кои сакаат да останат во родниот крај. Дополнително, поттик добив и од граѓаните, кои од мене бараат храброст да се кандидирам и со одговорност и посветеност да управувам со нашиот град – вели Ќура во објавата.

Тој додава дека ова е еден од најголемите предизвици за него.

-Не доаѓам овде како спасител, бидејќи Струга нема потреба од херои. На Струга ѝ е потребна чесна работа, мудро раководство и храброст да го промениме она што не функционира. Доаѓам овде како човек со искуство во економијата и со јасна визија за развојот што го заслужува нашиот град. Кандидатурата што ја објавувам денес не е трка за власт, не е борба против никого. Таа претставува само повик за обединување за сите кои го споделуваат истиот сон за Струга – вели Ќура.

Тој најави дека проектите и идеите за Струга ќе се засноваат на три столба:

Транспарентност и правда за сите, одржлив развој и инвестиции во инфраструктурата, во образованието и културата, во младината и во спортот.

Тој ги повика граѓаните, бизнисмените, здруженијата, студентите и интелектуалците, невладините организации, спортистите и уметниците, новинарите, политичките партии, секој поединец без разлика на верска, етничка и политичка припадност, кој верува во иднината на градот да го поддржат за градоначалник на Струга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот