Игор Божиновски / Фото: Апла.мк

Бизнисмен од Битола стана почесен конзул на Австрија во Македонија

Битолскиот бизнисмен Игор Божиновски, сопственик на фирмата „Божиновски часовници и накит“, на свеченоста по повод прославата на Националниот ден на Австрија беше именуван за почесен конзул на оваа земја во Македонија, јавија локалните медиуми.

Битола, традиционално е препознаена како „Град на конзулите“, но конзулати има сѐ помалку. Во градот останаа неколкумина почесни конзули, иако претходната деценија таа бројка изнесуваше околу 15 почесни дипломатски претставништва и два генерални конзулати на Грција и Бугарија.

„Именувањето е признание за професионален кредибилитет: прецизност, интегритет и долгорочна доверба. Тоа се вредности што Австрија јасно ги препознава и споделува. Очекувањата од функцијата на почесен конзул се насочени кон продлабочување на врските меѓу Македонија и Австрија во културата, бизнисот и едукацијата“, објавија од прес-службата на почесниот конзул Божиновски.

Првиот почесен конзулат на Австрија во Битола беше отворен во 2015 година, но подоцна згасна, за сега пак да се возобнови.

Претставата за конзулска Битола се потпира на почесните конзули на Франција – Калиопа Кривашија-Стилиновиќ, на Црна Гора, Милорад Андријашевиќ, на Романија, Мамкис Александру, и на Босна и Херцеговина, Билјана Дамјановска-Јанчевска.

Во изминатиот период затворени беа десетина почесни конзулати во Битола, по различни основи, како конзулатот на Велика Британија, Словенија, Хрватска, Србија, Русија, Украина и Унгарија.

Српскиот конзулат се затвори откако почина почесниот конзул бизнименот Силјан Мицевски, и наместо да се возобнови во Битола, Србија лани во октомври отвори почесен конзулат во Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот