Бившиот на Анастасија Ражнатовиќ стана татко: Згодниот новосаѓанец заработува милиони, бебето се роди далеку од Србија
Српската пејачка Анастасија Ражнатовиќ и бизнисменот Ѓорѓе Куљиќ минатата година раскинаа петгодишна врска, токму во моментот кога сите очекуваа да стапнат на „лудиот камен“, пишува „Мондо“.
Препорачано
Денес Ражнатовиќ ужива во љубовта со фудбалерот Немања Гудељ, со кого неодамна стапи во брак, а Куљиќ го изговори судбоносното „да“ со избраничката Мила Радојевиќ, која сега му подари и наследничка.
Сопругата на бизнисменот се породила во САД, а среќните родители ѝ го дале името Елина.

Инаку, Куљиќ е успешен бизнисмен, кој својата кариера ја започнал за време на студентските денови во САД, поточно во Њујорк, каде што живеел и студирал долго време, а потоа таму започнал и бизнис со камиони. Тој и денес живее во САД, каде што е сопственик на компанија која превезува стока со камиони.
Згодниот новосаѓанец се ожени година и пол по раскинувањето со ќерката на српската пејачка Светлана Ражнатовиќ Цеца. По раскинувањето, Куљиќ беше поврзуван со неколку познати дами, но тој само ја потврди врската со Мила со која се ожени летово.


