Плакат за 11. „Битола Шекспир фестивал“

Битолскиот театар се подготвува за 11-тото издание на „Шекспир фестивал“

Во чест на 81 година постоење на Народен театар Битола, на сцената на театарот од 14 до 21 ноември ќе оживеат вечните дела на Вилијам Шекспир – во интернационален театарски дух и со врвни продукции од Македонија и од светот.

Својот роденден Битолскиот театар ќе го прослави со премиера и со почеток на 11-тото издание на „Битола Шекспир фестивал“, кој ќе биде отворен со премиера на „Макбет“ – НУ Народен театар Битола, Македонија, на 14 ноември, додека на Шекспир-фестивалот ќе гостуваат претстави од Македонија, Полска, САД, Хрватска / Англија и Бугарија.

На програмата на фестивалот се претставите: „Дванаесеттата ноќ“ – Драмски театар „Александар Венгерко“, Бјалисток, Полска, во режија на Игор Горжковски на 15 ноември; „Крал Лир“ – „Lit Moon Theatre“, САД, во режија на Џон Блондел (17 ноември); „Еволуцијата на распадот“ – Театарско здружение „Артема театарска лабораторија“, Скопје, Македонија, во режија на Дамјан Димовски (18 ноември); кореодрама „Само ти (и) ја / Only You (and) I“ – Здружение на граѓани „Тим Театрос К“, Скопје , Македонија, во режија на Војо Цветановски (19 ноември, со почеток во 20 часот); „Ричард III“ – НУ Народен театар Битола, Македонија, во режија на Мартин Мирчевски (19 ноември, со почеток во 21 часот); „Јас Писблосом / I, Peaseblossom“ – „Hani-Tong Theatre“, Хрватска / Англија, во режија на Филип Пар, монодрама базирана на извонредната ревизија на Шекспировата „Сон на летната ноќ“ од Тим Крауч (на 20 ноември); „Како што милувате / As You Like It“ – Драмски театар „Стојан Бачваров“, Варна, Бугарија, во режија на Габор Томпа од Романија (21 ноември).

Театарот повторно ќе стане место на љубов, борба, страст и бесмртни приказни на 11-тото издание на „Битола Шекспир фестивал“. Освен за премиерата на „Макбет“ на 14 ноември, влезот на сите други претстави е бесплатен со претходна резервација на билет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот