Банка, провизии / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Битолчанец извадил 30.000 евра од сметка на починат човек на кој му бил полномошник

61-годишен жител на Битола доби кривична пријава за измама откако во два наврати извадил пари од сметка на човек на кој му бил полномошник, иако знаел дека човекот починал, а со тоа било прекинато и полномошното, соопшти МВР.

„СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Х.(61) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Пријавениот, од девизна сметка на починато лице, на кое бил полномошник, во два наврати извадил парични средства во вредност од 18.550 американски долари и 11.750 евра и покрај тоа што знаел дека со смртта е прекинато и полномошното“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот