Битиќи: Со изградбата на електраната „Митилинеос“ сметките за греење во Скопје ќе се намалат за 30 до 40 отсто

Фатмир Битиќи, вицепремиер/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Најголемата придобивка е што конечно ќе се остварат плановите од 60-те и 70-те години од минатиот век кога била планирана целокупната топловодна мрежа на Скопје, и конечно ќе го направиме она што требало да се направи пред околу 30 години, а тоа е затворање на топлотниот прстен околу Скопје, со што ќе овозможиме уште околу 36.000 домаќинства да се приклучат на градската топловодна мрежа, а сметките за испорачана топлинска енергија за секое наше домаќинство да се намалат за околу 30 до 40 отсто од сегашните цени.

Ова е одговорот кој вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи го даде на Либертас на прашањето кои се придобивките од гасната когенеративна електрана што треба да ја изгради грчки „Митилинеос“, проект кој е оспоруван во јавноста. 

Изградбата на оваа когенеративна централа ќе значи и производство, како на топлинска, така и на електрична енергија по многу конкурентни цени. Ефикасноста во искористувањето на природниот гас и е со многу висока – нагласува Битиќи.

На оваа инвестиција не требада гледаме само од аспект на економски и енергетски придобивки, туку и од перспектива на здравјето на граѓаните на Скопје, кое серизоно е загрозено од неквалитетниот воздух, додава вицепремиерот.

– Со изградбата на оваа електрана ќе се создаде можност 36.000 домаќинства наместо да се греат на струја или дрва, да преминат на парно греење. Со тоа емисијата на штетни гасови за загревање на домовите значително ќе се намали. Оваа централа ќе значи и унапредување на квалитетот на јавното здравје – вели Битиќи.

Тој смета дека државата ќе има приходи помеѓу 120 и 150 милиони евра, согласно деловниот план кој направен за период од 30 години.

Во бројки, на секое евро вложено во проектот по основа на државна помош, во буџетот на државата ќе се слеат помеѓу две или три евра – поентира вицепремиерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот