Фото: FCBayernEN/x

Бисерот на Баерн од друга планета – шоу на Ленарт Карл, падна Спортинг во Минхен

Баерн Минхен повторно се врати на победничкиот колосек во европските натпреварувања. Баварскиот гигант го совлада Спортинг Лисабон со 3:1 на „Алијанц арената“ во дуелот од шестото коло во Лигата на шампионите.

Иако тимот на Винсан Компани влезе како фаворит, победата не дојде лесно и мораше да се брка целосен пресврт во второто полувреме.

Баварците уште во петтата минута погодија преку 17-годишниот чудесен талент Ленарт Карл, но погодокот беше поништен поради претходен прекршок. Следуваа нови обиди преку Гнабри и Карл, но голманот Рои Силва блесна во неколку наврати, а Хари Кејн ја погоди стативата.

На самиот старт од вториот дел – шок. Во 54. минута, по центаршут на Симоеш, Јошуа Кимих несреќно ја испрати топката во сопствената мрежа, носејќи водство за гостите.

Автоголот го разбуди Баерн. Само 11 минути подоцна, Серж Гнабри по корнер на Олисе со прецизен удар со глава израмни на 1:1.

Само четири минути потоа, дојде моментот на вечерта. Ленарт Карл, баварскиот бисер кој игра во форма од соништата, ја прими топката од Лајмер во трк, ја смири, и ја испрати во мрежата за 2:1. Силва можеби можеше подобро да реагира, но Карл повторно покажа зошто го сметаат за играч со потенцијал за светска класа.

Во 77. минута, Џонатан Тах реагираше најдобро во шеснаесетникот на Спортинг по акција на Гнабри и го постави конечниот резултат – 3:1 за Баерн.

Во финишот, Спортинг можеше да се врати преку Луис Суарес, но неговиот удар беше блокиран од Упамекано, па драмата беше избегната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот