Били Ајлиш откри како карантинот влијаел на нејзината креативност и создавање нова музика

Instagram

Иако светот сè уште е во исчекување за новиот албум на пејачката Били Ајлиш, тоа не значи дека таа не работи на тоа.

18-годишната  пејачка зборуваше за новите песни, но и за тоа како времето поминато во карантин влијаело на нејзината работа.

Instagram
Instagram

Со месеци зборуваме за тоа како оваа година исцеди многу луѓе и колку што посакував годинава да имам турнеи и сè останато, но ако сето тоа се случеше, никогаш немаше да го направам овој албум“, открива Ајлиш за „Apple Music“.

Како што вели таа, секако дека би се создал албум но тој би имал сосема поинаква енергија.

Не е дека правиме песни за карантин, туку размислуваме на поинаков начин од порано. Така е како што е. Тоа е ефект на пеперутка…. Во исто време, ова е прв пат во мојот живот да имам толку многу слободно време пред сè, особено откако влегов во музичката индустрија пред пет години“, објасни Били.

Instagram
Instagram

Значи тоа беше благослов, огромен благослов и проклетство, но јас навистина, навистина сум среќна што успеавме да ги направиме работите што ги правиме. И едвај чекам да ги слушне песните. Едвај чекам да ги слушне целиот свет. Јас сум многу возбудена и имам надеж за иднината“, рече пејачката.

Ајлиш за песната „Everything I Wanted“ која ја објави оваа година доби три номинации за Греми наградите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот