Instagram
Instagram

Бијонсе во соработка со Дизни сними раскошен визуелен албум (ФОТО+ВИДЕО)

Новиот визуелен албум на поп дивата Бијонсе „Black is King“, официјално е објавен на стриминг-сервисот Дизни плус. Долгоочекуваниот материјал продукциски е на очекуваното високо ниво, а обожавателите на Бијонсе се воодушевени од албумот.

Profimedia
Instagram

„Black is King“ зборува за актуелната тема за нееднаквоста во светот, особено во САД, за корените и значењето на културата на Афроамериканците, а раскошните видеа испраќаат директни политички пораки.

Идејата за визуелен албум настанала откако Бијонсе минатата година ја прифати улогата на Нала во римејкот на „Кралот лав“, па на анимираниот класик пејачката одлучи да му подари ново активистичко руво.

Profimedia

Бијонсе снимаше на бројни локации ширум светот – Њујорк, Лос Анџелес, Јужна Африка, Лондон и Белгија, а плејадата на гостите е импресивна.

Визуелниот албум се темели на музиката од албумот „The Lion King: The Gift“, на кој со Бијонсе соработувале славните музичари Чајлдиш Гамбино, Кендрик Ламар, Џеј Зи, Фарел и многу други, а во видеата се појавуваат и Наоми Кемпбел, Лупита Нјонго, како и осумгодишната ќерка на Бијонсе, Блу Ајви Картер.

Profimedia
Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот