Бибер ја продолжува концертна турнеја по парализата на лицето
Популарниот канадски музичар Џастин Бибер ќе ја продолжи светската турнеја „Justice“ на 31 јули, по паузата откако му беше дијагностициран синдромот Ремзи Хант, објавија американските медиуми.
View this post on Instagram
Во јуни Бибер објави дека поради присуството на редок вирус, кој предизвикува синдром Ремзи Хант, доживеал „целосна парализа на десната страна на лицето“ и дека бил принуден да ја прекине турнејата. За европските фанови планирани се пет настапи во Европа, соопштија од тимот на пејачот.
View this post on Instagram
Потоа ќе следат концерти во Јужна Африка, Азија, Австралија, како и на Блискиот Исток и Нов Зеланд, пред планираното враќање во Европа во декември.
Во рамките на оваа турнеја, Бибер ќе настапи во Унгарија, на познатиот фестивал „Сигет“.
View this post on Instagram
„Justice“ е четврта концертна турнеја на Џастин Бибер.