Кејт Мидлтон / Фото: John Patrick Fletcher / Action P / Actionplus / Profimedia

Би-би-си се извини за грешката: Принцезата од Велс ја нарекле Кејт Мидлтон за време на емисија

Би-би-си беше критикувана откако неколку пати принцезата од Велс ја нарекле Кејт Мидлтон за време на одбележувањето на Денот на примирјето. По реакцијата од гледачите и политичарите, јавниот радиодифузен сервис беше принуден да издаде ретко официјално извинување, пишува „Пипл“.

На 14 ноември, „Би-би-си“ објави дека добиле жалби од гледачи кои се незадоволни што не ја употребиле точната титула, принцеза од Велс за време на нивното известување за Денот на примирјето.

„Во нашето известување за одбележувањето на Денот на примирјето, во неколку наврати принцезата погрешно ја нарековме Кејт Мидлтон. Ова беа грешки во преносот во живо, кој траеше неколку часа, за кои се извинуваме. Во текот на остатокот од програмата, ја нарековме принцезата со нејзината официјална титула“, соопшти Би-би-си.

Некои пратеници, исто така, реагираа на гафот. Џим Шенон, пратеник од Северна Ирска, напиша на Твитер: „Потсетник до @BBCNews да ги едуцираат своите презентери дека принцезата од Велс не е ‘Кејт Мидлтон’ од 2011 година. Нејзината точна титула е Катерина, принцеза од Велс. Направете го тоа правилно“.

По венчавката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во 2011 година, кралицата Елизабета II им ги додели титулите војвода и војвотка од Кембриџ. По нејзината смрт во 2022 година, кралот Чарлс го прогласи Вилијам за нов принц на Велс, со што Кетрин стана принцеза на Велс.

Сепак, многумина продолжуваат да го користат нејзиното моминско презиме, особено во онлајн насловите, бидејќи тоа останува најбараниот термин. Анализата на Гугл од 17 ноември покажува дека терминот „Кејт Мидлтон“ е далеку попопуларен од „Принцезата Кејт“, „Принцезата Катерина“ или „Катерина, принцезата од Велс“.

Иако титулите за принцези се пребаруваат почесто во Обединетото Кралство и Австралија, глобално „Кејт Мидлтон“ останува доминантен термин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот