Фото: twitter.com/casadoviralata

„Би-Би-Си“: Прв случај на ковид-19 кај диви визони во Јута

Во близина на заразена фарма со визони во американската сојузна држава Јута е потврден првиот случај на ковид-19 кај диви животни од овој вид,  пренесува „Би-Би-Си“.

Во предупредувањето издадено до Меѓународното здружение за заразни болести, американските ветеринарни служби соопштија дека дивиот визон, кој бил позитивен на коронавирусот, бил во близина на заразената фарма во Јута.

Ова е прв познат случај на ковид-19, потврден меѓу диви визони, што предизвика загриженост дека вирусот може да се прошири и на оваа популација.

Визоните кои се одгледуваат на фарми поради нивното крзно, се подложни на заразување со коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот