Собрание Фото: Слободен печат/Драган Митрески

„Безбеден град“ стартува на 1 февруари, Собранието го донесе законот

Пред гласањето на законот Левица потврди дека ќе дадат поддршка, додека двете Алијанси за Албанците на Арбен Таравари и на Зијадин Села, како и Европскиот фронт и СДСМ се изјаснија дека ќе гласаат против законот.

Владејачкото мнозинство го изгласа Законот за прекршоци иако против се изјасни целата опозиција освен пратениците на Левица. И покрај тоа што ДУИ ја откажа претходно дадената поддршка за законот, на лидерската средба, власта успеа да обезбеди двотретинско мнозинство и со тоа системот „Безбеден град“ ќе може да стартува од 1 февруари.

„За“ гласаа 81 пратеник, „против“ беа 19, додека немаше „воздржани“ пратеници. Беше побарано и поединечно гласање, при што повторно законот ја доби истата поддршка.

Пред гласањето на законот Левица потврди дека ќе даде поддршка, додека двете Алијанси за Албанците на Арбен Таравари и на Зијадин Села, како и Европскиот фронт и СДСМ се изјаснија дека ќе гласаат против законот.

Главните забелешки на опозицијата се дека пораките за прекршоци не се испраќаат и на албански јазик, дека законот е дискриминирачки бидејќи ќе се казнуваат возачите само во Скопје, Тетово и во Куманово, но и дека законското решение не предвидува контрола на податоците на граѓаните од имејл адресите и телефонските броеви, како и на снимките.

 

ДУИ се пишмани, виси стартот на системот „Безбеден град“ – Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот