ДУИ се пишмани, виси стартот на системот „Безбеден град“
Координаторката на Европскиот фронт Рина Ајдари ни потврди дека нема да го поддржат законот бидејќи имало разидување во пратеничката група.
Пратениците од Европскиот фронт во последен миг ја откажаа поддршката за Законот за прекршоци и со тоа неизвесно е дали за законот ќе има двотретинско мнозинство на седницата која претседателот на Собранието Африм Гаши ја закажа за во 13 часот. Претходно и од СДСМ се изјаснија дека нема да го поддржат законот. Ако власта не обезбеди двотретинско мнозинство за законот, системот „Безбеден град“ нема да стартува од 1 февруари како што беше најавувано.
Препорачано
„Безбеден град“ обезбеди поддршка од ДУИ, проектот може да стартува на 1 февруари
Поддршка на системот „Безбеден град“ да почне да функционира од почетокот на следниот месец беше и една од темите на лидерската средба организирана од премиерот Христијан Мицкоски, и начелно беше договорено пратениците од Европскиот фронт да гласаат за законот.
Координаторката на Европскиот фронт Рина Ајдари ни потврди дека нема да го поддржат законот бидејќи имало разидување во пратеничката група. Ајдари пред неколку дена на прес-конференција рече дека Европскиот фронт ќе го поддржи законот. Но, преатеникот Садула Дураку на истата прес-конференција рече дека нема согласност од сите пратеници од Европскиот фронт за законот да помине.
За „Безбеден град“ Филипче има резерва за висината на казните и за контролата на податоците


