Беше секс-симбол, а ја викаа најлошата актерка на векот! (ФОТО)

Фотографија: YouTube

Американската актерка и манекенка Бо Дерек (63) (вистинското име и е Мери Колинс) најпрво работела како фотомодел, а потоа на аудиција го запознала режисерот Џон Дерек, својот иден сопруг. Џон бил 30 години постар од неа, а се развел од актерката Линда Еванс, за да се венча со Бо во 1976 година.

Првата голема улога на филм ја добила во хоророт „Орка“, но се прослави кон крајот на 70-те со романтичната комедија „Десетка“, која ја лансираше како секс-симбол. Актерската кариера не и беше многу успешна, напротив. За неколку улоги има добиено Златна малина, како и номинација за „најлоша актерка на векот“.

Повеќе пати позирала за Плејбој, но во политичкиот свет била многу поконзервативна. Се декларирала како републиканка и на изборите своеволно го подржала Џорџ Буш постариот, а во 2000 и 2004 година учествуваше во кампањата на Џорџ Буш помладиот.

Бо беше убедена дека Џон Дерек е љубовта на нејзиниот живот и дека веќе никого нема да може да сака после неговата смрт, но го запозна актерот Џон Корбета (58), кој гледачите го знаат од улогата на Ејден во серијата „Сексот и градот“ и од тогаш се во среќна врска. Бо вчера го прослави својот 63-ти роденден и ужива.

„Понекогаш разговараме за бракот, но свесни сме дека немаме деца, ниту дека не сме млади повеќе, па не постои притисок дека мора да се венчаме“, рекла Бо.

Profimedia

Бо Дерек никогаш не стана мајка, а често отворено разговараше за нереализираното мајчинство.

„Долги години тежнеев кон тоа да имам деца и кога имав 30 години, сонував да станам мајка. Но мојот покоен сопруг Џон имаше две деца од претходниот брак и не му беше ни на крај памет да има уште едно бебе во тие години. Сфатив дека тоа ќе доведе до тоа јас да останам самохрана мајка. На крај, кога тој конечно одлучи да има деца со мене, јас го одбив“, раскажала актерката.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот