Беше една од најбараните, но и најмистериозните супермодели на 90-те – Каде исчезна Татјана Патиц?

Германката Татјана Патиц ја красеше насловната страница на магазинот „Вог“ во јануари, 1990-та година. Честопати ја нарекуваат „најмистериозниот супермодел“, а сето тоа бидејќи одамна се пензионирала и решила да им заврти грб на манекенските денови и се посветила на мирен, семеен живот.

Имено, таа толку многу го презирала своето светло минато што одбила да се појави во документарецот кој се снима за славата и успехот на оригиналните супермодели. Останатите четири дами прифатиле да учествуваат во документарниот филм.

Фото: Инстаграм

Но, да почнеме од самиот почеток – Татјана е родена во Германија, а пораснала во Шведска. Почнала да се занимава со моделство на 17 години, а набрзо се преселила во Њујорк. Нејзината витка, висока фигура и убавото лице го воодушевило модниот свет, а исто како и Линда Евангелиста станала најпозната по тоа што може да изгледа поинаку ‘под секое светло’ и на секое снимање.

Прочитајте и...  Четири причини за двапати во денот добро да се истегнете: Физиотерапевтите тврдат дека ова е спас, особено за жените!
Фото: Профимедиа

За каква сензација станувало збор во текот на 90-те години, најдобро сведочи фактот дека била на преку 200 насловни страници на различни престижни магазини и дека започнала соработка со Пиер Линдберг, која траела 30 години!

Убавата русокоса соработувала и со брендовите Версаче, Шанел, Валентино, Карл Лагерфелд, Хелмут Ланго, Дона Каран, Џин Пол Гуалтиеро, а со години била заштитно лице на Џил Сандер.

Фото: Инстаграм

Како една од „големата петорка“ се појавила и во култниот спот ‘Слобода’ на Џорџ Мајкл, заедно со уште четири убавици.

Патиц на почетокот на 90-те години го префрли фокусот на актерството, но тоа не траеше долго, после што страствено и сериозно му се посвети на активизмот, што и денеска и задржува внимание.

Прочитајте и...  Дневен хороскоп за 26 ноември: Ве чека голем предизвик, емоциите ќе ви дадат елан
Фото: Инстаграм

Имено, Татјана во Малибу купила фарма во далечната 1989-та година, а и денес живее таму опкружена со животни и се занимава со еколошко производство на храна. Посветена е на одгледување на синот Џонас, кој го носи нејзиното презиме, а за нејзиниот љубовен живот не се знае ништо освен дека од 2003-та до 2009-та година била во брак со Џејсон Џонсон.

Фото: Инстаграм

„Не сакав синот да го оставам на дадилка. Тоа јас го избрав. Сите имаме различни приоритети и тоа беше мојот. Не сакав да бидам во авион секој ден“, рекла пред неколку години.

Фото: Профимедиа

Инаку, во последните неколку години направила неколку модни проекти и реклами, но истите ги бирала многу внимателно и едвај можат да се изборјат на една рака.

Прочитајте и...  ФОТО | Ја шокирала јавноста, а папата фрлил анатема на неа: Вака изгледала првата Мис на светот!
Фото: Профимедиа

Поврзани вести

ФОТО: Контроверзен богаташ – На свадба дошол со 6 трудници, сите бремени од него!

Слободен Печат

Одбила да пее за дочекот на 2021: Неда Украден не сака да пее тајно!

Слободен печат

ФОТО | Ја шокирала јавноста, а папата фрлил анатема на неа: Вака изгледала првата Мис на светот!

Ирена Трајкова

„The Weeknd“ остана без номинација за Греми наградите: „Корумпирани сте!“

Слободен Печат

Разговор со акушер Марјан Шилев: Поради ковид-19 се бореа за здив по породувањето, а сега се здрави мајки

Кристина Апостолова

ФОТО: Манекенката Бојана Нушкова повторно сингл! Раскина со Стефан Спирковски!

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanianBulgarian