„Беса транс“ изрази сочувство до семејствата на загинатите

автобус, сообраќајка, бугарија
Македонскиот автобус кој изгоре во страотна несреќа во Бугарија / 23 ноември 2021 / фото: ЕПА/ЕФЕ

Компанијата „Беса Транс – Скопје“ преку Фејсбук им изрази сочувство на семејствата на загинатите во страшната несреќа на македонскиот автобус во Бугарија.

„Денеска е многу тажен и тежок ден за нас како компанија, изразуваме сочуство до семејствата и роднините на починатите, се молиме за брзо оздравување на преживеаните. Компанијата во целост соработува со надлежните институции со Р.C.Македонија и Р.Бугарија се со цел да се утврдат причините за оваа страшна трагедија! Се извинуваме на сите што не сме во можност да одговориме на бараните информации, бидејќи сме во голем шок. Со почит. за секакви информаци во врска со случајт јавете се на бројот 075273732“, посочуваат од компанијата.

Претходно и сопственикот на компанијата преку медиумите им изрази сочувство на семејствата на жртвите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот