БЕСА: Итно да се прогласи вонредна состојба

Ова е единствениот начин да се радикализираат мерките за заштита од оваа брзо распространетата пандемија во регионот, но и во нашата земја, велат од Беса.

Движењето БЕСА внимателно ја следи состојбата создадена co ширењето на пандемијата од СОVID-19. Ново настанатата ситуацијата го нарушува нормалното функционирање на општеството ја го доведува во прашање и семејната економска ситуација на граѓаните воопшто.

Земајќи ги предвид сите создадени околности, веруваме дека за да се спречи ширењето на коронавирусот, државата мора итно да влезе во вонредна состојба бидејќи ова е единствениот начин да се радикализираат мерките за заштита од оваа брзо распространетата пандемија во регионот, но и во нашата земја.

1.Бараме од Владата да испрати наредба до сите извршители во Северна Македонија да ги одложат одлуките за присилно плаќање на физички и правни лица најмалку за наредните 3 месеци.

2.Бараме ЕВН-Македонија да го продолжи рокот на неплатени сметки од два на четири месеци со тоа што нема да ја прекинува електричната енергија во домаќинствата и правните лица.

3.Да се отварат социјални центри во сите општини каде што за сите социјални случаи и за тие што немаат никаков приход во семејството да им се обезбедат бесплатно делење на основни прехрамбени и хиегиенски производи

4.Сите комерцијални банки во земјата да го одложат рокот на плаќање за кредити што ги добиле физички и правни лица најмалку во наредните 3 месеци.

5.Малите бизниси во наредните три месеци да добијат финансиска помош максимум до 3000 евра месечно во зависност од бројот на вработени, со што ќе им помогне да опстанат во овие вонредните услови.

Владините мерки за стимулирање на бизнисот, како што се самовработување или разни грантови треба да се прекинат и средствата од овие стимулативни мерки треба да бидат распоредени целосно за поддршка на активни мали и средни претпријатија во зависност од потребите на истите. Додека за сите компании што ги покачиле цените на неисправен начин истите тие да не бидат вклучени во делот на олеснителните мерки од државата.

6.Одложено плаќање на ДДВ најмалку три месеци, како и сите компании што оствариле добивка во претходната фискална година, доколку ги реинвестираат своите средства за истите да бидат ослободени од данок на доход.

Мерки што ги предлагаме се засноваат на реални барања на граѓаните и се засновани во реални можности владата да ги реализира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот