Бериша вели дека американската амбасадорка Ким е „срам на нацијата“

Фото МИА

Поранешниот албански претседател, екс премиер и актуелен лидер на побројното крило на Демократската партија Сали Бериша “повторно ја нападна” американската амбасадорка Јури Ким.

Тој ја нарече срам за нацијата што ја претставува и ја обвини дека заедно со премиерот Еди Рама ја растуриле албанската опозиција.

-Во историјата на плурализмот на овој народ нејзиното име ќе остане како личност која ја злоупотребила власта. Заедно со Рама направи се за да ја уништи албанската опозиција. Се разбира, ја поделивте, но не успеавте да ја уништите, обвини Бериша.

Од друга страна, додава тој, со “вашите ставови, вие сте единствениот амбасадор по 32 години што си заминува од оваа држава како генерален секретар на СП, а не јас”

– Мислам дека овие неколку денови и часови што ти останаа; извини им се на Албанците за Гонигал. Во најголемиот скандал на сите времиња, ти не им кажа ништо на Албанците помножувајќи ги со нула, вели Бериша.

Обвинувањата на Бериша почнаа по неговото прогласување за непожелен во САД, во мај пред две години. Тој редовно ја именуваше како “гувернанта”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот