Бенфика да ја прекине традицијата и да не го лета орелот Виторија

Голем белоглав орел лета над трибините на стадионот „Луж“/фото: EPA-EFE/JOSE SENA GOULAO

Здруженијата за заштита на животните и португалски политичари побараа од Бенфика да ја прекине традиција и да престане со перформансот пред секој натпревар, орел да лета над трибините на стадионот „Луж“.

– На дивите животни не им е место во спортот туку во природата каде што треба слободно да живеат – изјави во португалскиот парламент, Инес Соуса Реал, членка на партијата „Луѓе, животни, природа“.

Пред секој натпревар на Бенфика на домашен терен, голем белоглав орел лета над трибините на стадионот „Луж“ и потоа слетува на клупскиот грб што е поставен на центарот на теренот. Орелот, симбол на Бенфика, е дел од спектаклот на стадионот „Луж“ од неговото отворање во 2003 година, а традицијата беше започна неколку децении претходно на стариот стадион кој исто така се викаше „Луж“.

Пратеничката му предложи на фудбалскиот клуб да користи кадифени маскоти на орелот наместо наместо пред секој домашен натпревар да го изведува перформансот со „Виторија“.

– Да се сакаат животните значи да се почитува нивната дива природа и слобода – порача Соуса Реал.

Прекин на традицијата побара и невладината организација за заштита на животните ПЕТА.

– Орлите се самотни животни и не смеат да бидат во гласен амбиент како што е фудбалски стадион. Овие прекрасни животни летаат во широки пространства и голем дел од времето го поминуваат на дрво и слободно ловат на голем простор. Вакво опкружување како што е фудбалски стадион им создава фрустрација и голем стрес – напиша ПЕТА во писмото упатено до Бенфика.

Пред секој натпревар, дресер го пушта орелот да го прелета стадионот и потоа да слета на центарот на теренот. Бенфика има три орли кои ја одржуваат традицијата на новиот стадион, а најчесто лета орелот „Виторија“ (победа). Навивачите на португалскиот тим се суеверни кога станува збор за традицијата, меѓу нив постои верување дека доколку орелот два пати ги прелета трибините, Бенфика сигурно ќе победи.

Орелот „Виториа“ во 2018 година наместо да слета на теренот, продолжи да лета, но подоцна се врати. Од 2011 година, дресерот Андре Родригеш работи со орелот „Виториа“, кој „го наследи“ оригиналниот орел кој се пензионира во 2003 година. Челниците на Бенфика одлучија тогаш на новиот орел да му дадат истото име како претходниот „Виториа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот