Бели чорапи - Фото: Pixel-Shot, Pixel-shot / Alamy / Profimedia

Белите чорапи ќе бидат како нови ако ги потопите во вода со една природна состојка

Одржувањето на белите чорапи навистина може да биде предизвик, но постои едноставен начин да ги отстраните дамките и повторно да ја вратите нивната првобитна белина – со помош на една природна состојка.

Стручњакот од компанијата „Socks Kick“, Бариш Атмаџа, тврди дека за перење бели чорапи најдобро е да се користи сок од лимон, кој ги прави да изгледаат како штотуку купени.

„Витаминот Ц во цитрусите ги прави природни антиоксиданси. Белечките својства на лиметата и лимонот ги прават популарни средства за чистење во домаќинството, како и додатоци во средствата за перење. Потопувањето на чорапите во лимонов сок пред перење е вообичаена техника“, објаснува тој.

Иако на многумина прво им паѓа на ум белилото, тоа може да го оштети материјалот и да предизвика побрзо кинење или појава на жолтеникава нијанса.

Од друга страна, лимоновиот сок е нежeн кон ткаенината, а благодарение на неговата киселост многу успешно ги раствора тврдокорните дамки. Освен тоа, е евтин, нетоксичен и дополнително го осветлува материјалот – па чорапите по само едно перење изгледаат свежо и обновено.

За да ги отстраните кафеавите дамки од чорапите со сок од лимон, најпрво свртете ги чорапите наопаку и ставете ги во сад или када со топла вода. Потоа додајте три лажици лимонов сок на секој литар топла вода.

Оставете ги чорапите да отстојат најмалку 15 минути, но за поупорни дамки може да ги оставите еден-два часа или дури цела ноќ.

По натопувањето, ставете ги во машината за перење и исперете ги на вообичаениот програм. По перењето, можете да ги исушите природно или во сушара.

Откако целосно ќе се исушат, чорапите треба да изгледаат снежно бели, чисти и без дамки. Ако сè уште забележувате траги, повторно потопете ги во раствор со лимонов сок подолг период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот