Белгиските синдикати следната недела организираат национален протест поради поскапувањата

Фото МИА

Сите синдикати во Белгија на 21 септември ќе организираат заеднички протест во земјата поради инфлацијата, тие бараат покачување на платите и контрола врз цените.

Во синдикалните кругови највеќе загрижува огромното покачување на цените на енергијата. Тие бараат од властите да преземат поконкретни мерки и дадат поголема помош за работниците и домаќинствата, соочени со огромните поскапувања. Како што потсетуваат синдикатите, некои работници мораат да дадат речиси цела плата само за да ги намират своите сметки.

Освен тоа, синдикатите бараат и реформа на закон од 1996 година кој не овозможува покачување на платите над 0,4 отсто, додека компаниите и акционерите прават огромни профити и дивиденди.

Протестот има за цел да се изврши притисок врз политиката и бизнисот во пресрет на социјалните преговори, а се најавува и генерален штрајк во текот на ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот