Белгија на тапет кај „Амнести Интернешенл“: Непочитување на основните човекови права на штитениците во старечките домови

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешнал” (АИ) оцени дека Белгија за време на пандемијата со ковид-19 не ги почитувала основните човекови права на штитениците во старечките домови и тоа резултирало со голема стапка на смртност.

– Белгија не ги исполни своите обврски во поглед на човековите права и тоа имаше сериозни последици за голем број луѓе во домовите. Многумина не добија квалитетна здравствена заштита, а некои повозрасни лица, најверојатно поради тоа, прерано починаа, се наведува во извештајот на АИ.

АИ се повикува на извештајот од „Лекари без граници“ во кој се тврди дека 64 проценти од вкупно 6.200 смртни случаи за време на првиот бран на ковид-19 биле во домовите за стари лица. Односно, 4.900 луѓе починале во старските домови без можност да бидат хоспитализирани и да ја добијат потребната нега.

Во извештајот на АИ се посочува и дека персоналот во домовите за стари лица во Белгија работел без соодветна лична заштита, инспекциите во домовите биле намалени, додека лекарите од општа пракса не сакале да ги посетуваат пациентите во домовите, а дементните лица биле физички или медицинси имобилизирани во поголема мерка од вообичаеното.

Од почетокот на пандемијата од последици од ковид-19 во Белгија починаа речиси 15.500 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот