Беким Сали, министер за здравство
Беким Сали, министер за здравство / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Беким Сали прв вицепремиер и министер за европски прашања, Мухамед Хоџа министер за екологија

Од кабинетот на Гаши информираат дека на првата наредна седница, што значи в среда Гаши ќе го стави разрешувањето на Муртезани од министер за европски прашања. Засега нема информација кога претседателот на Собранието ќе ја закаже собраниската седница за избор на новиот вицепремиер и министер за европски прашања, како и на министерот за животна средина.

Претседателот на Собранието Африм Гаши ги прими од премиерот Христијан Мицксоки предлозите за пополнување на испразнетите места во Владата откако првиот вицепремиер и министер за животна средина изет Меџити стана градоначалник на Чаир, потврдија од Кабинетот на Гаши.

Мицкоски го предлага Беким Сали за прв вицепремиер и министер за европски прашања и Мухамед Хоџа за министер за животна средина. Премиерот предлага и разрешување на министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

Како што веќе објави „Слободен печат“ Сали кој е пратеник на Алтернатива од коалицијата Вреди доаѓа на местото на Муртезани, кој пак, ќе биде предложен за амбасадор во Брисел. Сали беше министер за здравство во претходната влада.

Падна договор во Вреди: Сали, Хоџа, и Бакиу предлози за министри, Муртезани за амбасадор во Брисел

Хоџа пак, кој доаѓа од Демократско движење на Меџити,  е поранешен портпарол на владите на Зоран Заев и Димитар Ковачевски сега ќе го предводи ресорот екологија.

Од кабинетот на Гаши информираат дека на првата наредна седница, што значи в среда Гаши ќе го стави разрешувањето на Муртезани од министер за европски прашања. Засега нема информација кога претседателот на Собранието ќе ја закаже собраниската седница за избор на новиот вицепремиер и министер за европски прашања, како и на министерот за животна средина.

Во преговорите за министерски позиции во Вреди имаше договор да го сменат министерот за здравство, односно на местото на Азир Алиу да го предложат Башким Бакиу актуелен директор на Заеднички служби на Клиничкиот Центар.

Но според испратените предлози од Мицкоски јасно е дека допрва ќе се решава дали ќе има смена во ресорот здравство, бидејќи според извори од ВМРО-ДПМНЕ партијата на Мицкоски типува на тоа министерство. Ресорот здравство ќе почека разрешница при реконструкцијата на Владата која ја најави премиерот Мицкоски за по конгресот на ВМРО-ДПМНЕ на 6 декември. Неофицијално реконструкцијата на Владата се планира за средината на јануари следната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот