Бебе заразено со коронавирус во Македонија

Бебе на возраст од неколку месеци е заразено со коронавирус, потврдија за „Слободен печат“, високи извори од Министерството за здравство.

И во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје каде секојдневно се соопштува возраста на заболените, денеска се наведува дека таа се движи од 0 до 91 година.

Претходно најмладиот пациент со Ковид 19 имаше две години.

Министерот за здравство Венко Филипче, на една од претходните прес конференции запрашан за тоа како коронавирусот ги афектира новороденчињата, рече дека во научните студии досега не е пронајден случај на вертикална трансмисија на вирусот од мајката на бебето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот