Беа славни и барани, но кажаа „Чао“: Овие македонски пејачи засекогаш ја напуштија Македонија (ВИДЕО)

Од македонската естрада последниве десетина години се откажаа многу пејачи. Кога велиме се откажаа, не мислиме на тоа дека престанале да се занимаваат со оваа професија, туку ја напуштија земјата и се преселија на некое подобро место…

„Слободен печат“ ќе ве потсети на десетина македонски артисти кои решија да кажат -збогум на Македонија и повеќе среќа да си побараат во други земји…

ЕНА ВЕКО

Меѓу првите кои кренаа раце од домашната естрада е пејачката Ено Веко. Можеби помладите генерации не се сеќаваат на оваа пејачка кога пред дваесетина години жареше и палеше на македонската сцена и важеше за првата рап-пејачка. Таа денес живее во Австралија.

АЛЕКСАНДРА ПИЛЕВА

Можеби се уште од вас се сеќаваат на Пилева која се појави на музичкиот избор за ѕвезди „М2“. Таа успеа да изгради музичка кариера, да има свои настапи, но кога можеби најдобро и одеше, таа со своето семејство си заминаа за Америка каде живее и денес. Нејзини најголеми хитови во тоа време и беа: „Нема утеха“ и „Сонце и месечина“.

ЈАСМИНА МУКАЕТОВА

Пред повеќе од десетина години од Македонија се отсели и фолк-пејачката Јасмина Мукаетова. Таа имаше кратка, но слатка кариера, бидејќи за кратко време стана една од најбараните пејачки на фолк-сцената. Длабокото деколте и кратките фустанчиња и беа нејзин заштитен знак. Таа живее во Америка.

ЈОВАН ЈОВАНОВ

Еден од најталентираните композитори во нашата земја, креаторот на многу хитови во последните 20 години, Јован Јованов веќе четири години со своето семејство живее во Канада. Популарниот Џеј Џеј и покрај тоа што имаше успешна кариера во Македонија, среќата реши да си ја бара во ладната Канада.

ДАРКО ИЛИЕВСКИ

Помладите сигурно се сеќаваат на овој пејач кој испеа неколку хитови и ја напушти земјата. Таман кога можеби беше на врвот од својата кариера, Дарко си ја најде партнерката на својот живот и се пресели во преубавиот Мајами.

ЛАМБЕ АЛАБАКОСКИ

И тој како неговиот колега Дарко, поради љубов се пресели во Америка. Припадничките на понежниот пол го обожаваа Ламбе, а во својата кратка кариера нанижа повеќе хитови кои се пеат и денеска.

РИСТЕ ТЕВДОВСКИ

Ристе и неговиот „Браво Бенд“ пред десетина години важеа за мајстори на добрата забава. На нивните настапи буквално игла не можеше да се фрли. Сепак, Ристе реши да ја напушти групата, се обиде да гради самостојна кариера, но за брзо време реши да се отсели од Македонија. И тој како повеќето негови колеги, летна преку барата, односно се стационира во Америка.

ТАТЈАНА ЛАЗАРЕВСКА И НОВИЦА ВАСИЛЕВСКИ

Поминаа веќе три години откако фолк-парот се пресели во далечната Австралија. И покрај тоа што двајцата имаа успешни кариера во нашата земја, Тања и Новица решија да ја напуштат татковината и подобро утро да побараат преку барата.

НОНЕ НЕДЕЛКОВСКА

Џебната венера како што медиумите ја нарекуваа веќе десет години плови низ водите во светот. За тие што не знаат, Ноне работи на брод, а за враќање на македонската сцена не сака да слушне ниту збор.

СУЗАНА ГАВАЗОВА

Со Македонија се поздрави и фолк-пејачката Сузана Гавазова. Таа веќе неколку години е среќно мажена во Шведска, но сепак не се откажа од музиката. Таа и понатаму создава нови песни, доаѓа во земјава и има свои настпаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот