Фото: EPA/ALESSANDRO DI MARCO

Барселона сака да го доведе Влаховиќ

Фудбалскиот клуб Барселона е заинтересиран за напаѓачот на Јувентус и српски репрезентативец Душан Влаховиќ, пренесува шпанска „Марка“.

Според овој извор, каталонскиот клуб веќе направил прв чекор и стапил во контакт со Влаховиќ, кој има договор со Јувентус до 30 јуни 2026 година.

„Ова е прв контакт, бидејќи Барселона сака да ја искористи ситуацијата што се создаде на пазарот. Отворениот конфликт минатото лето меѓу Влаховиќ и Јувентус заврши без продолжување на договорот, но играчот се врати на терен знаејќи дека влегува во последната година од договорот. Целта е фудбалерот на крајот од сезоната да дојде без обесштетување или под многу поволни услови да пристигне уште во зимскиот преоден рок“, наведува „Марка“.

Исто така, се истакнува дека Барселона веќе подолго време работи на пронаоѓање замена за Роберт Левандовски, кој сè уште нема продолжено договор со клубот. Полскиот напаѓач би можел да ја напушти Барселона по завршувањето на сезоната.

Влаховиќ во моментов се опоравува од повреда, а на теренот би можел да се врати во март следната година. Оваа сезона српскиот фудбалер има одиграно 17 натпревари за Јувентус и постигнато шест голови.

Пред настапите за Јувентус, Влаховиќ играше за Фиорентина и Партизан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот