Барселона на нозе, Меси го прекина одморот и го шокира Куман со своите зборови
Барселона сè уште не се огласува за разговорот помеѓу Меси и новиот тренер, но медиумите не се откажуваат.
Лионел Меси по срамната елиминација од Баерн Минхен во четвртфиналето од ЛШ замина на одмор во Андора, но како што тврдат медиумите во Шпанија, тој се вратил во Барселона за да разговара со новиот тренер Роналд Куман.
Препорачано
барселона одби да го потврди состанокот помеѓу новиот тренер и најголемата ѕвезда на екипата со зборовите дека Куман планира новиот тим да го гради околу Меси и младите играчи, откако денеска потврди дека потпишан е договор и со Педри.
Но, затоа радио Каталонија соопштува вести кои ќе ги разочараат сите фанови на Барселона. Радиото од свои извори дознава дека Лионел Меси на средбата со Куман му соопштил дека својата иднина не ја гледа во Барселона, односно дека би сакал да си замине од клубот.
Единствен проблем за Аргентинецот претставува тоа што е под договор со Барселона до идното лето, а како идни дестинации за Меси се споменуваат Серија А и Премиер лигата. Во Италија како единствен тим кој има шанси да го донесе Меси е Интер, додека во Премиер лигата тоа е Манчестер сити.


