Барселона дигна раце од Де Лихт

Капитенот на Ајакс, Матијс де Лихт е голема желба на шпанскиот шампион Барселона, но трансферот нема да се реализира. Според каталонскиот весник „Спорт“ кој е близок до Барселона, пишува дека клубот се откажал од намерата да го ангажира Де Лихт.

Причините се финансиите, односно Барселона не може да се натпреварува со Јувентус и ПСЖ кои нудат далеку поголема плата за Де Лихт.
Раководството на каталонскиот клуб откако го договори трансферот со Френки де Јонг, кој е добар пријател на Де Лихт, започна и преговори со младиот дефанзивец и начелно ги договорија обесштетувањето и платата.

Барселона му понуди на Де Лихт плата од шест милиони евра, но по неколку месеци се променија работите. Во трката за неговиот потпис влегоа и други екипи кои ја кренаа цената.

Според „Спорт“, италијанскиот шампион Јувентус нуди годишна плата од 10 милиони евра, додека ПСЖ е подготвен да издвои дури 12 милиони евра како плата за холандскиот репрезентативец.

Барселона го информира неговиот менаџер, Мино Рајола дека нема намера да ја зголеми понудата по што е јасно дека Де Лихт ќе кариерата ќе ја продолжи надвор од Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот