Бараше повеќе, доби помалку: Заврши „војната“, познато е колку Кевин Костнер ќе ѝ плаќа на поранешната сопруга

Кевин Костнер и Кристин Баумгартнер/ Фото: Wikimedia Commons/ Профимедиа

По долга правна битка меѓу актерот Кевин Костнер (68) и Кристин Баумгартнер (49), судијата во Лос Анџелес пресуди дека актерот мора да плаќа алиментација од 63.209 долари месечно, објави американскиот портал „Ти-ем-зи“.

Во текот на судењето, актерот инсистирал имотот да им се префрли на децата.

„Не кријам пари од својата сопруга“, рекол Кевин.

Кристин првично бараше 248.000 долари месечно за алиментација, со образложение дека децата треба „уживаат во истиот стил на живот“.

Кевин Костнер и Кристин Баумгартнер/ Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Во четвртокот по сите рочишта и сослушувања, била донесена одлука за помал износ, јавуваат странските медиуми.

Прво, таа побарала месечна алиментација во износ од вкупно 248.000 долари, на што Костнер се спротивставил.

Откако доби значително помала награда, сега побарала да се зголеми на 175.000 долари месечно за да им обезбеди на своите деца „нормален“ животен стандард додека се со неа.

Во судските документи раскажала дека децата живеат во голем комплекс покрај плажа вреден 145 милиони долари кога се со татко им, летаат со приватен авион и уживаат во луксузните одмори.

Завојуваната двојка помина 19 години во брак, а заедно имаат три деца, синот Кајден (16), Хејс (14) и ќерката Грејс (13).

Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Кевин Костнер ѝ платил 1,45 милиони долари по разводот, сопругата не сака да се исели

Оскари 2022: Разнобојна филмска естетика меѓу кандидатите за најдобар меѓународен филм

Кевин Костнер: Мојата поранешна сопруга бара 248.000 долари алиментација за да си ги плаќа пластичните операции

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот