Барање до ЕУ: Три земји-членки на Унијата со предлог за економска помош за Белорусија

Фото: euractiv.com

Претседателите на Литванија, на Полска и на Романија ќе побараат од лидерите на Европската унија (ЕУ) да понудат пакет на економска поддршка за Белорусија на Самитот што ќе се одржи оваа недела, објави денеска литванскиот претседател, Гитанас Нуседа.

Според соопштението, пакетот ќе вклучува повластен трговски режим со ЕУ, безвизен режим и поддршка за преговори за влез во Светската трговска организација (СТО) и насловен е „поддршка за демократска Белорусија”.

Дел од договорот е поддршка на реформите и на диверзификација на енергетскиот сектор, како и за транзиција кон либерална економија.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки минатата недела изјави дека земјата сака ЕУ да понуди најмалку една милијарда евра за Белорусија како дел од „Маршаловиот план”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот