ФОТО: Графички приказ на организираниот криминал на аеродромите посочен во извештајот на Глобалната иницијатива против организираниот

Балканските аеродроми се жаришта на организираниот криминал

Полициските и царински службеници од Балканот, вклучувајќи ги и оние на Скопскиот аеродром водат секојдневна „битка” со ризиците и криминалните мрежи за шверц и илегална трговија

Глобалната иницијатива против организираниот криминал го објави извештајот во кој се анализираат тековите и жариштата на организираниот криминал на Балканот. Според последниот публикуван документ на оваа меѓународна организација се наведува дека и скопскиот аеродром е еден од неколкуте балкански воздушни пристаништа за кои е заклучено дека e локација на која полицајците водат секојдневна „биткаделувањата на меѓунардоните криминални мрежи.

Ова се дел од закчучоците на најново истражување на меѓународната организација Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал (ГИ-ТОК), насловено како „Фатиме ако можеш .

Во обемниот документ заклучува дека аеродромите во Балканот станале клучни транзитни точки за низа незаконски активности, вклучувајќи трговија со наркотици, шверц на луѓе и перење пари.
Во истражувањето авторот на публиацијата
Руџеро Скатуро истакнува дека ранливоста на Балканот е специфична за светот бидејќи тој природно и геостратешки е транзитна точка за глобалните илегални текови бидејќи тој природно ја поврзува Европа со Блискиот Исток и Азија.

Документот нотира дека ако на геостратегиската локација на аеродомите од регионот, се додадат и фактите дека постои слабата полициска контрола и порозни граници на криминал ќе се стигне до заклучок дека овие локации би можеле да станат проблем од кој најмногу би профитирале меѓународните криминални организации.

ФОТО: Инфографик од скопскиот аеродром и траекторијата на организираниот криминал, ИЗВОР – GI

Во конткест на наодите на публикацијата, документот истакнува дека идентификувани се неколку клучни фактори кои придонесуваат за зголемувањето на илегалните протоци преку балканските аеродроми.
Според ГИ-ТОК тоа се
зголемувањето на бројот на летовите на нискобуџетните авиокомпании на Балканот кои со олеснувањето на пристапот до воздушното патување граѓаните истовремено и ја отвараат вратата за подобра комуникација на крминалците од светот со балканските аеродроми.

Во својот заклучок документот публикува и препораки адресирани до државите и меѓународната заедница за тоа како да се ублажат потенцијалните ризици од илегалните протоци на Балканот.

Глобалната Иницијатива препорачува дека на Балканот му е потребна продлабочена полициска соработка на аеродромите, неопходно е да се зголеми капацитетот на обезбедувањето на аеродромските објекти, да се изврши засилување на правните механизми на државите од регионот за подобрување на казнената политика на лицата кои се замешани во илегални активности спроведени на овие локации и да се зголемат инвестициите техниката и социјалната стабилнсот на полициската заедница која работи на аеродромите.

Од друга страна, Глобалната Иницијатива резимира дека при изготвување на овој битен документ, балканските полиции го поздравиле напорот на меѓународната организација за подобрување на состојбите, и напоменува дека истражувањето во иднина ќе влијае да се зголеми регионалната полициска соработка во справување со проблемот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот