Балкански картел купувал кокаин од најопасниот клан во Колумбија

Фото: илустрација

Иван Армус, човек од Цетиње, кој е уапсен за трговија со дрога во Колумбија во април годинава, набавил кокаин од една од најопасните колумбиски криминални организации, кланот Дел голф, пишува црногорски Дан.

Американското Министерство за финансии ја означи оваа криминална организација како една од најопасните и ги стави нејзините лидери на Црната американска листа, односно им беа изречени строги санкции, од кои едната е ставање под блокада на имотот, пишува Дан.

Врската на Армуш со овој клан, како и деталите за неговиот престој во Колумбија, ги претстави локалниот весник Семана.

Според нивното пишување, ова апсење во Картагена погодило засега скоро непознат балкански клан кој работи на територијата на таа земја веќе неколку години.

Членовите на кланот веќе долго време се кријат зад приказната за инвестиции и претприемништво. Имено, нејзините членови се претставија како успешни инвеститори и претприемачи кои сакаат да се вклопат во високото општество во Картагена, Баранкила, Меделин, Кали и Богота.

Колумбиската полиција, во соработка со меѓународните агенции во Европа и САД, откри комплексна мрежа на трговија, чија крајна дестинација е Европа.

– Во документот се зборува за Иван Армус како еден од членовите на балканскиот картел, кој очигледно морал да побегне од Шпанија во 2018 година, бидејќи бил вмешан во убиството. Потоа ја одбрал Колумбија како прибежиште, каде пристигна во 2019 година. Тој се преселил во Картагена, каде се претставил како наследник на сопственикот на ланец хотели во Европа. Таа приказна била само параван, а зад неа се крие меѓународната организација „Балкански картел“, која е еден од главните извозници на дрога во Европа – објавува неделникот, повикувајќи се на разузнавачки извештаи.

„Клан Дел голфо“ бил негов главен партнер, а Армуш бил одговорен за контакт со добавувачи на кокаин во Колумбија.

– Истражителите успеале да утврдат дека Армуш дури отишол во лаборатории за производство на кокаин за да го провери квалитетот на дрогата. Искористувајќи ја својата наводна деловна репутација, тој организирал состаноци со партнери во луксузни хотели во Меделин, Картагена и Баранкила, каде преговарал за испорака на дрога од колумбиските пристаништа, од каде што често се испраќа стока во Европа, особено овошје, неделно.

Како резултат на оваа истрага, извршена е операција за апсење.

Тој е уапсен на отворено море, на брод кој пловел под панамското знаме, а требало да го напушти заливот Манго со околу половина тон кокаин.

При детален претрес на бродот, за кој користеле специјално обучени кучиња, полицијата открила 25 пакувања со дрога подготвени да бидат изнесени од земјата.

Армуш е во друштво на двајца Колумбијци, кои исто така беа уапсени.

Балканскиот клан е дел од големата мрежа на трговија со дрога, за што полицијата има конкретни докази.

– Сите членови доаѓаат од јужна Европа – Албанија, Хрватска, Црна Гора и Србија. Заедничката операција со европските власти доведе до докази дека таа е најсилната шверцерска мрежа, со ќелии распространети низ цела Европа, во земји како Холандија, Германија, Шпанија, Белгија, Франција, Италија, Грција, Англија, Турција, Украина и Португалија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот