Балкански азиланти: Први Албанците, по нив Македонците, Србите и Косоварите

Азиланти/ Фото: МИА

Албанските граѓани и понатаму се први на списокот на баратели на азил од земјите на Западен Балкан, во земјите на Европската унија, објави Топ чанел.

-Според последниот извештај на Европската агенција за азил, во ноември лани, Албанците поднеле околу 892 барања за азил. Втори на листата се Македонците со 711 барања, Србите со 507, граѓаните на Косово со 281 барање, а потоа следат Босна и Црна Гора, наведува телевизијата.

Според извештајот најпосакуваните земји од ЕУ за граѓаните од Балканот се Франција, Германија и Италија.

-Албанците имаат и најголем број барања за азил кои се во тек на разгледување во земјите од Европската унија. Но, сите барања за азил од земјите од регионот кои се испитуваат во земјите на ЕУ се со исклучително низок степен на прифаќање, посочува телевизијата.

Поточно, албанските граѓани имаат само 0,55% од разгледаните барања кои се прифатени, додека ниту една од балканските земји не надминува 1% од прифатените барања за азил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот