„Балансирањето на Вучиќ“: Што пишуваат руските медиуми за посетата на Брнабиќ на Украина?

„Космомолскаја правда“ ја пренесува изјавата на Брнабиќ дека „Украина е пријател на Србија“. Според ТАСС, претседателката на Народното собрание на Србија потсетила дека сопругата на српскиот претседател „често го посетува Киев“.

Србија и Украина се подготвени да потпишат меморандум за разбирање во областа на европската интеграција, што ќе биде нов чекор во зајакнувањето на билатералната соработка и парламентарните врски, изјави претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, на прес-конференција во Киев по средбата со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук, објави руски ТАСС.

Според Брнабиќ, српскиот претседател Александар Вучиќ и неговиот украински колега Володимир Зеленски одржуваат „одлична комуникација“ и „се во редовен контакт“, објавува рускиот медиум.

„Последниот пат кога разговараа беше минатата недела. Ја поддржавме Украина со значителна хуманитарна и финансиска помош, повеќе од целиот регион на Западен Балкан заедно“, додаде таа.

Брнабиќ потсети дека сопругата на српскиот претседател, Тамара Вучиќ, „често го посетува Киев“, ја посети украинската престолнина „четири пати во последните две години“.

Брнабиќ ја нарече својата посета на Киев „сигнал за континуирано зајакнување и интензивирање на соработката меѓу двата парламента и земјата“ и го покани Стефанчук да го посети Белград.

„Космомолскаја правда“ ја пренесува изјавата на Брнабиќ дека „Украина е пријател на Србија. Особено го цениме фактот што Украина го почитува територијалниот интегритет на Србија“.

Според неа, Србија целосно ја поддржува интеграцијата на Украина во Европа.

Порталот News.ru, со информациите за пристигнувањето на Брнабиќ во Киев, пишува дека претходно, Александар Вучиќ, претседателот на Србија, изјавил дека властите го контролираат извозот на муниција произведена во земјата, иако понекогаш српско оружје сè уште се наоѓа во Украина.

Вучиќ истакна дека Белград сè уште балансира помеѓу економската потреба за продажба на оружје и желбата да се одржи неутралност во конфликтот меѓу Москва и Киев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот