Бајрами: ЦСКА Софија не е во најдобра форма, но е силен и е фаворит

бајрами
фото: ФФМ

Тренерот на Македонија Ѓорче Петров, Муарем Бајрами изјави дека ЦСКА Софија останува фаворит за реваншот од второто квалификациско коло од Лигата на конференции.

Натпреварот е в четврток (28 јули) од 19.00 часот по македонско време (20.00 по локално) на стадионот „Бугарска армија“, а потсетување дека првиот меч во Скопје заврши 0:0.

– Повторно ќе кажам дека ЦСКА е фаворит. Тоа е силен тим, иако не е во најдобра форма, имаат нов тренер со нови идеи – вели Бајрами.

Стратегот на „лавовите“ од Ѓорче Петров е уверен дека неговите играчи ќе им пружат сериозен отпор на „црвените“ на утрешниот меч.

– Во Скопје одигравме силен натпревар, дисциплиниран и тактички коректен. Утре имаме поинаков мечот, но искрено верувам во моите момци и сигурен сум дека и утре ќе настапиме на ниво. Почнуваме со 0:0 и на крајот ќе видиме кој ќе продолжи – се зборовите на Бајрами.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот