ФОТО | Бајка во реалноста: Се омажи актерката Ангела Димитрова
Се омажи актерката од Театарот за деца и младинци Ангела Димитрова, а убавата вест ја сподели нејзиниот матичен театар на Фејсбук.
Препорачано
„На нашата сцена често сме сведоци на бајки, но овојпат една се случи и во реалноста.
Нашата колешка Ангела Димитрова, актерка во Театарот за деца и младинци – Скопје, го кажа своето најважно ‘ДА’.
Ѝ посакуваме љубов што ќе расте со секоја нова сцена во животот, насмевки што ќе траат подолго од аплаузот и заедничка приказна исполнета со светлина, радост и многу среќни чинови.
Со љубов од нејзиниот театарски дом“, пишува во објавата.

Димитрова дипломирала актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во класата на проф. Златко Славенски, во 2015 година. Оттогаш била дел од многу работилници и семинари кај нас и во странство.
Димитрова глумеше во филмот „До Балчак“, краткиот филм „За Ангела“, телевизиските серии „На терапија“, „Фамилијата Марковски“, „5+ Фамилија“ и други.
Во една прилика, за „Слободен печат“, таа раскажа за своето секојдневие.
„Првото нешто што го правам кога ќе се разбудам е приготвување на утринскиот чај. Тоа ми е ритуал и секогаш си одвојувам време да уживам во него. Потоа најчесто појадувам, се подготвувам и заминувам на работа во Театарот за деца и младинци на проба. Таму, пред пробата, пијам кафе со колегите и заедно го започнуваме работниот ден. Кога не сум во процес на создавање претстава, денот гледам да го искористам за завршување на сите обврски што ми преостанале, да вежбам поинтензивно, да се посветам повеќе на семејството и на пријателите“, рече актерката.


