Бајден вети два трилиони долари за обновлива енергија доколку биде избран за претседател

Џо Бајден

Овие предлози се дел од Зелениот нов курс на прогресивните демократи, претставен од конгресменката Александрија Оказио-Кортез од Њујорк, гувернерот на Вашингтон, Џеј Инсли, сенаторот од Масачусетс, Елизабет Ворен и други видни демократи.

Кандидат за претседател на САД од Демократската партија, Џо Бајден, доколку од гласачите го добие идниот претседателски мандат вети дека за четири години планира државата да вложи два трилиони долари за обновливи извори на енергија.

Планот на Бајден е енергетиката на САД да премине на 100 проценти чиста енергија до 2035 година.

Сумата е повисока од 1.7 трилиони долари објавени лани, и е дел од договорот со прогресивното крило на партијата и сенаторот Берни Сандерс, кој се бореше за номинацијата а потоа го поддржа Бајден за кандидат за претседател.

Плановите за ова Бајден ги претстави на донаторска конференција одржана синоќа, на која изјави дека не треба да се чека до 2050 година, туку да се преземат чекори веднаш САД да ги отфрлат издувните гасови од електро централите и автомобилите и да преминат кон користење на 100 проценти еколошки чиста енергија од обновливи извори до 2035 година, како во индустријата така и во транспортот.

Планот за воведување на субвенции за Американците, слични на оние во ЕУ, за купување на електро, хибридни и автомобили на водороден погон со предавање на автомобилите на бензин и дизел, претходно го претстави и Чак Шумер, лидер на малцинството во американскиот Сенат.

Овие предлози се дел од Зелениот нов курс на прогресивните демократи, претставен од конгресменката Александрија Оказио-Кортез од Њујорк, гувернерот на Вашингтон, Џеј Инсли, сенаторот од Масачусетс, Елизабет Ворен и други видни демократи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот