Бајден победник на демократските прелиминарни избори во Мисури

Џо Бајден / Фото EPA-EFE/ALLISON JOYCE

Претседателот на САД Џо Бајден победи на демокартските прелиминарни избори во Мисури. Огранокот на Демократската партија во оваа држава соопшти за тоа синоќа, неколку денови по затворањето на гласачките места во саботата.

Победата на Бајден не беше ставена под знак прашање, но аналитичарите се уште внимателно ја следат излезноста и бараат признаци на протестно гласање на демократските првични избори.

Гласањето во Мисури во саботата беа првите претседателски привични избори што партијата ги организираше по стапувањето во сила на новиот закон во Мисури лани во август. Партијата соопшти дека на гласањето учествувале 20.000 избирачи.

Републиканците во Мисури годинава претпочитаа да организраат кокус (собранија на подржувачите на партијата со гласање), на кој победи поранешиот претседател Доналд Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот