Џо Бајден / Фото EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Бајден по пресудата за неговиот син: Горд сум што ја надмина зависноста од дрога

Oткако поротата го прогласи синот на американскиот претседател, Хантер Бајден за виновен по сите три обвиненија во федерално судење за оружје се огласи Џо Бајден. Тој рече дека бил горд на својот син Хантер бидејќи ја надминал зависноста од дрога, во првата реакција на пресудата на Хантер Бајден за три кривични дела поврзани со купување и поседување оружје во периодот кога бил зависник.

„Како што кажав минатата недела, јас сум претседател, но сум и татко. Џил (првата дама) и јас го сакаме нашиот син и многу сме горди на човекот што тој е денес. Толку многу семејства имаа најблиски кои се бореа со зависноста и го разбираат чувството на гордост кога ќе видат некој што го сакаат толку силен и издржлив во закрепнување“, рече Бајден.

Американскиот претседател нагласи дека го прифаќа исходот од судењето и ќе го почитува судскиот процес додека Хантер размислува дали да поднесе жалба.

Џо Бајден претходно изјави дека нема да го помилува Хантер, потсетува Ројтерс.

Хантер Бајден денеска јавно одговори на пресудата за вина, велејќи дека е „повеќе благодарен за љубовта и поддршката“ на неговото семејство отколку што е „разочаран од исходот“.

– Закрепнувањето е можно со Божјата милост, а јас сум благословен што можам да го доживувам тој дар од ден на ден – рече тој.

Адвокатот на Хантер Бајден, Абе Ловел, исто така, во изјава рече дека се разочарани од пресудата, но дека ќе продолжат да ги разгледуваат достапните правни опции.

Хантер Бајден прогласен за виновен за нелегално поседување оружје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот