Бајден: Америка одново го води човештвото на Месечината

Месечината одблизу / Instagram

Американскиот претседател Џо Бајден денеска излезе со изјава по повод успешното слетување на месечевата површина на американската сонда „Одисеј“. Ова е првиот приватен вселенски апарат кој успешно стигна на површината на Месечината.

„Во четврток вечерта за прв пат по 50 години, американски вселенски брод слета на Месечината, што стана возбудлив чекор напред во една нова ера на истражување на вселената“, вели Бајден.

Автоматската сонда за слетување на Месечината наречена „Одисеј“, стартуваше на 15 февруари од космодромот на Вселенскиот центар Кенеди на НАСА на Флорида. Во четвртокот таа испрати снимки од Месечината наоѓајќи се на ниска орбита околу неа, пред да слета недалеку од Јужниот пол. Бајден истакна дека мисијата направи важен исчекор како прво слетување на Месечината од американска компанија.

„Одисеј“ е јавно-приватно партнерство меѓу НАСА и американската компанија Intuitive Machines. Toj успех стана реалност благодарејќи на американската генијалност, иновација и љубопитност. Тоа е првата од следните државни и приватни вселенски мисии во рамките на програмата „Артемида“ кој ги обединува напорите на меѓународните и комерцијалните партнери во мисии за враќање на луѓето на Месечината за првпат по десетици години.

Америка одново го носи човештвото на Месечината, истакна Бајден.

Програмата за испраќање на луѓето на Месечината што во 1962 година ја објави претседателот Кенеди, стана реалност само седум години подоцна за време на вселенска трка со Советскиот Сојуз, кога САД успееја да ги испратат првите луѓе на Месечината, кои потоа и успешно се вратија на Земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот