Баербок во посета на Кина
Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок денеска пристигна во посета на Кина, каде што за време на дводневниот престој треба да се сретне со министерот за надворешни работи Чин Ганг, а во фокусот на разговорот треба да биде војната во Украина.
Препорачано
„Која улога ќе преземе Кина со нејзиното влијание врз Русија ќе биде одлучувачка за идните односи меѓу Европа и Кина“, рече Баербок пред да замине за Кина.
Таа рече дека војната во Украина ќе биде главна тема на нејзините разговори во Кина. „Како постојан член на Советот за безбедност, Кина сноси посебна одговорност“, рече Баербок.
Покрај министерот за надворешни работи Чин Ганг, предвидено е и Баербок да се сретне и со кинескиот потпретседател Хан Женг.
Посетата на Анален Баербок се одвива во сенка на зголемените тензии меѓу Кина и Тајван, кои официјален Пекинг ги смета за кинеска територија.
Политичарите на владејачката коалиција во Германија изразија уверување дека Баербок јасно ќе и го пренесе на Кина ставот на Европската унија за Тајван.
Таа алудираше на изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон, кој по враќањето од Кина рече дека Европа не мора по секоја цена да го следи правецот на САД кога е Тајван во прашање.


