Бабовски: На располагање нови средства за модернизација и развој на рибарството и аквакултурата во земјава

Финансиската поддршка изнесува до 7.000.000,00 денари по поединечен корисник, од кои максималниот поврат на средствата односно грантот е од 50 до 65% од прифатливите трошоци за реализираната инвестиција.

Сите што сакаат да градат нови или да ги ревитализираат старите рибници и пунктови или сакаат да градат капацитети за преработка на риби од денеска па се до 22- ри март ќе може да аплицираат за добивање средства преку Програмата за рибарство и аквакултура.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, и руралниот развој, Николче Бабовски, информира дека финансиската поддршка изнесува до 7.000.000,00 денари по поединечен корисник, од кои максималниот поврат на средствата односно грантот е од 50 до 65% од прифатливите трошоци за реализираната инвестиција.

Доделената финансиска поддршка е неповратна, а барателите не смеат да почнат со реализација на инвестицијата пред да потпишат договор за ко-финансирање со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој.

– Право на користење на оваа поддршка имаат субјекти кои се регистрирани за дејност аквакултура и кои поседуваат или користат недвижен имот на кој планираат да изградат капацитет за аквакултура; или поседуваат дозвола за користење на вода за поставување на кафези во зоните предвидени за аквакултура, субјекти кои се запишани во регистарот на одгледувачи на риби при МЗШВ, како и сите субјекти кои се од ранг на микро, мали и средни претпријатија кои поседуваат или планираат да изградат преработувачки капацитет наменет за преработка на риба, информира Бабовски.

Барањата за користење средства со листата на потребни документи и Упатсвото за корисниците може да се превземат од веб страницата на Агенцијата, www.ipardpa.gov.mk, во делот Рибарство и аквакултура 2020. Барањата доставени по 22- ри март 2020 година нема да бидат разгледувани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот