Автопатот до Штип ќе остане „Гоце Делчев“, Бугарија ќе ја сфати одлуката како што треба

Од Владата информираат дека новиот автопат Миладиновци-Штип ќе се вика „Гоце Делчев“ согласно одлуката на претходната влада.

„Постои владина одлука за именување на автопатот Миладиновци-Штип со назив „Гоце Делчев”, што сметаме дека е добра одлука, а истата нема да биде променета и ќе биде целосно почитувана“, објаснуваат од Владата откако во јавноста се отвори прашањето зошто автопатот е пуштeн во функција повеќе од еден месец, а на него се уште нема ниту една табла со името.

Од Владата се убедени дека Бугарија ќе ја прифати оваа одлука во духот на пријателството и добрососедството.

„Имаме многу заеднички настани и ликови во историјата коишто не спојуваат и за коишто се договоривме дека ќе бидат празници за заедништво, а не за делби“, објаснуваат од Владата.

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева неодамна рече дека „Гоце Делчев“ е Бугарин, дека самиот се изјаснувал како таков, што предизвика жестоки реакции во јавноста.

Засега нема информација кога на автопатот ќе бидат поставени табли со името.

„Сега кога и официјално автопатот е пуштен во сообраќај, ќе биде спроведена и постапка за обележување која ќе ја спроведе ЈП Државни патишта, согласно нивните процедури, а Владата на РСМ ќе побара информација за извршеното задолжение“, велат од Владата.

Проблем со име на автопатот имавме со соседна Грција, кога автопатот кој води до Гевгелија од поранешната влада беше именуван „Александар Велики“. Актуелната влада го промени името и сега автопатот се вика „Пријателство“.

БОНУС ВИДЕО

– Tргнавме по автопатот Миладиновци-Штип: Забележавме една интересна работа

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот