Австрија ќе воведува „Зелен пасош” во три фази

A picture taken on March 3, 2021 in Paris shows a vaccine vial reading "Covid-19 vaccine" on an European passport.,Image: 595164722, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: JOEL SAGET / AFP / Profimedia

Австриската Влада донесе одлука за воведување на таканаречен „Зелен пасош” на 19 мај, што ќе го спроведе во три фази.

Првата фаза од воведувањето на овој електронски документ, што треба да овозможи повеќе слободи за време на пандемијата, ќе биде обичен доказ за вакцинација, негативен тест или прележан коронавирус.

Околу две до три недели подоцна, тој ќе биде национално применет со QR-код, по што се чека европско решение.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц, при објавувањето на планот за ублажување на мерките, рече дека, во врска со „Зелениот пасош”, со кој треба да се врати слободата на патување, Австрија не сака да ја чека ЕУ, туку ќе го воведе на национално ниво од 19 мај.

Сепак, неговата најава се однесува првенствено на електронски документ што ќе им овозможи на луѓето кои биле вакцинирани, прележале коронавирус или се тестирани да посетуваат настани, гастрономија и хотели во Австрија.

Во втората фаза, австриската Влада сака доказите за вакцинација, прележан коронавирус и негативен тест да бидат поврзани со QR-код, што би се случило на почетокот на јуни, така што оттогаш би можело да се зборува за австриски „Зелен пасош”.

Откако ЕУ ќе постигне договор за европската верзија на тој пасош, што ќе го регулира туризмот во текот на летото, Австрија ќе го приспособи своето решение на заедничкото.

Според планот на австриската Влада, луѓето кои ќе ја примат првата доза на вакцина, по три недели, ќе можат да вратат одредени слободи.

Во другите земји на ЕУ, тој рок, според сегашното размислување, е јасно покус.

Во ЕУ е спорно и кои вакцини се сметаат за веродостојни, односно дали вакцините што не се одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе бидат прифатени. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот