Австралиски градоначалник снимен како ги крши мерките и пие пиво на улица (ВИДЕО)

Државата Викторија го казни денеска Херберт со парична казна од 1.652 австралиски долари поради непочитување на правилата за социјално дистанцирање.

Градоначалникот од австралиската држава Викторија е казнет поради прекршување на мерките за ограничување, воспоставени поради пандемиајта на коронавирусот откако е фатен како пие пиво со други луѓе на улица.

Тони Херберт, градоначалникот на Варнамбул, е снимен на 7. април како стои пред хотел со уште три лица и пие пиво покрај својот службен автомобил, јави Би Би Си.

Само неколку часа претходно тој ист ден градоначалникот во видео порака која ја објави Градскиот совет ги повика сограѓаните да останат дома за да се спречи ширењето на Ковид-19.

Казнет е со 1.652 австралиски долари

Државата Викторија го казни денеска Херберт со парична казна од 1.652 австралиски долари  (960 евра) поради непочитување на правилата за социјално дистанцирање.

Градоначалникот се извини поради своите постапки и призна дека погрешил. Рече дека во тој момент во склоп на своите градоначалнички должности разговарал со сопствениците на компанијата.

„Меѓутоа, сфаќам дека ненамерно ги прекршив новите мерки кои се воспоставени поради безбедност на заедницата. Искрено ми е жал поради моите постапки“, рече Херберт.

Освен градоначалникот, казни добија и неговите тројца соговорници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот