Австралија потврди дека двајца патници од Јужна Африка се заразени со сојот омикрон

Откриен нов вирус / Фото: МИА

Австралиските власти денеска соопштија дека го потврдиле присуството на сојот омикрон на коронавирусот кај двајца патници од Јужна Африка кои пристигнале во Сиднеј.

Здравствената управа на австралиската држава Нов Јужен Велс објави дека извршила итни тестови кои го потврдиле присуството на овој нов вид на вирус кај двајцата патници кои вчера пристигнале во Сиднеј.

„Тие пристигнаа со лет на „Катар ервејс” преку Доха, соопшти Управата.

Двете лица биле позитивни на ковид-19, се покажало веднаш по пристигнувањето, кога била направена дополнителна анализа за да се утврди дали тие го носат новиот сој на вирусот – омикрон, што првпат е откриен во Јужна Африка.

„Двата позитивни случаи, кои се асимптоматски, се изолирани во посебни простории. Двете лица се целосно вакцинирани”, соопшти австралиската здравствена управа.

Уште 12 патници од Јужна Африка кои патувале со истиот авион, сега се во карантин, иако не покажале позитивен тест за Ковид-19, соопшти управата.

Околу 260 патници и членови на екипажот од летот, исто така, се повикани да се изолираат.

Светска медицинска асоцијација: Можеби вакцината против ковид-19 ќе треба да се дава секоја година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот