Австралиец уапсен бидејќи се шетал со бонг во форма на АК-47

Фото Австралиска полиција

Австралиската полиција обвини маж кој наводно носел пушка АК-47, за која потоа се дознало дека има сосема друга цел. Полицајците добиле неколку итни повици во северозападниот дел на Сиднеј во средата навечер, велејќи дека маж се шетал со пушка низ улиците, пренесува „Би-Би-Си“.

Откако полицијата пристигнала во куќата на осомничениот, пронашле „пиштол“, но полицијата набрзо сфатила дека всушност се работи за бонг – направа со која се пуши марихуана. Во врска со инцидентот подоцна бил уапсен 50-годишен маж, соопшти полицијата.

„При претресот во возилото од страна на полицијата, наводно, била откриена лажна автоматска пушка АК-47“, се вели во соопштението на полицијата на Нов Јужен Велс.

Мажот подоцна бил обвинет за поседување неовластено огнено оружје и за заплашување. Нему му е одреден притвор, а неговиот случај ќе се расправа во април.

Полицијата пред судот ќе обвини дека запленетиот предмет е бонг, уред за филтрирање наполнет со вода што се користи за пушење марихуана и други хербални супстанции, објавија локалните медиуми.

Законите за дроги на Нов Јужен Велс наведуваат дека е прекршок да се „продава, снабдува или прикажува на продажба бонг или компоненти, без разлика дали тоа е наменето да се користи за администрирање на забранет лек“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот